– Во поплавите предизвикани од екстремните врнежи од дожд загинаа најмалку три лица во северниот дел на италијанскиот регион Тоскана.
Најмалку четири лица се водат за исчезнати во регионот, соопшти државната новинска агенција АНСА, која додаде дека гувернерот на Тоскана, Еугенио Џиани, прогласил вонредна состојба.
Тој предупреди дека нивото на реката Арно, која минува низ регионот, се очекува да го достигне максимумот во Пиза пред да се влее во Тиренското Море во блиската Марина ди Пиза вечерва околу полноќ.
Премиерката Џорџа Мелони изрази сочувство за жртвите од поплавите.
„Со грижа го следам развојот на катастрофалните настани што особено ја погодија Тоскана и изразувам длабоко сочувство“, порача таа преку платформата X.