Во првото полугодие од учебната година 174 ученици се отпишале од основните и средните училишта во Куманово, информираат од образовниот сектор. Најголем број отпишани ученици се од најголемите училишта во градот.
Куманово како најголема општина во државата се соочува со растечки тренд на иселување, особено во западноевропските земји.
Според раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ, овој тренд не запира, додека бројот на отпишани ученици е поголем во споредба со лани кога имало 131.
Јовановиќ нагласи дека порано миграцијата била главно внатрешна, од руралните во урбаните средини, но сега доминира доселувањето во странство. Според последниот попис, Куманово има 98.104 жители.