ВО ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО ВЛЕТА стаорец, а потоа почна врискање на новинарите: Погледнете како реагираше ГРАДОНАЧАЛНИКОТ (ВИДЕО)
Стаорец влетал во преносот во живо, жените почнале да врескаат!
Огромен стаорец го прекина обраќањето во живо на градоначалникот на Буенос Аирес!
Градоначалникот на аргентинската престолнина Хорхе Макри разговарал со новинарите на автобускиот терминал во градското пристаниште кога стаорец влетал во публиката.
Интервјуто веднаш беше прекинато со врескање на новинарите.
Стаорецот се обидел да и побегне на групата, но тоа предизвикало стампедо, бил клоцан од неколку случајни минувачи, а на крајот бил нападнат од две кучиња, додека телевизијата директно ја пренесувала сцената.
Каква ситуација – рече водителот на каналот Тодо.
Интервјуто се одвиваше за време на акцијата на локалната самоуправа за затворање на дивиот пазар лоциран на терминалот во пристаништето. Според градското собрание, пазарот го блокирал влезот и излезот на автобусите од терминалот и се користел за трговија со дрога и украдена стока.
По конфузијата, интервјуто продолжи.