Во Романија почина дете (4) заболено од вурус кој е присутен и во Македонија! Лекарите предупредуваат: Не ги игнорирајте овие симптоми
Четиригодишно девојче почина од грип во Романија! Според тамошните медиуми, мајката го донела детето на инфективната клиника со температура од 41 степен и грчеви, а при приемот на клиниката му престанало срцето. Колку вирусот на грип може да биде опасен за децата, на што треба да внимаваат родителите и какви компликации може да предизвика кај децата, објаснува педијатарот д-р Марија Голубовиќ.
– Вирусот на грип го имаме секоја година во зимските месеци, а што се однесува до самите симптоми, тие се неспецифични, поврзани со инфекција на горниот респираторен тракт. Децата генерално добро го поднесуваат, а она што може да го искомплицира е ако се многу мали деца, бебиња до еден месец или од една до една година или деца со слаб имунитет – вели д-р Голубовиќ.
Компликација на долниот респираторен тракт
Кај овие мали пациенти, може да се појават компликации во долниот респираторен тракт, како што е пневмонија.
Еве за што родителите, според докторот, треба да се грижат:
– ако детето има проблем со дишењето, во смисла на отежнато дишење, забрзано дишење,
– ако детето не може да спие,
– кога детето одбива оброци.
Д-р Голубовиќ додава дека најчесто сè се решава амбулантски. Се следи состојбата на децата, а терапијата е симптоматска.
Како што посочува, најголем проблем педијатрите имаат новороденчињата кои имаат воспаление на малите дишни патишта.
– Има многу новороденчиња кои имаат симптоми на бронхиолитис, што значи воспаление на малите дишни патишта. Ова е нешто со што сега најмногу се бориме – вели докторката.
Што се однесува до симптомите, лекарот вели, тие се неспецифични:
– инфекции на горниот респираторен тракт,
– температура која може да достигне и до 40 степени,
– кашлица,
– слаб апетит,
– течна столица.