– Поранешниот советник на Белата куќа за национална безбедност и американски државен секретар, Хенри Кисинџер, почина во 100-тата година од животот.
Во соопштението објавено на веб-страницата на Кисинџер се наведува дека поранешниот државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) починал во својот дом во Конектикат, во 100-тата година од животот.
Кисинџер, дете од еврејско семејство што избегало од нацистичка Германија, беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година, покривајќи го периодот на американските претседатели Ричард Никсон и Џералд Форд. Кисинџер ја извршуваше функцијата советник за национална безбедност во периодот од 1969 до 1975 година.
Познат по своите контроверзни одлуки со кои се обликуваше светската политика, Кисинџер беше многу обвинуван во и надвор од САД, особено поради неговата улога во бомбардирањето на Камбоџа и инвазијата на јужен Виетнам во 1970 година.
Кисинџер особено беше критикуван поради фактот дека многу бомби фрлени врз Камбоџа биле касетни, кои продолжиле да ги убиваат и да ги осакатуваат цивилите со децении по завршувањето на војната.