Во сефовите на банка во Италија има пити кашкавал! Еве зошто

Банката Кредито Емилијано стана светски позната откако медиумите ја пренесоа веста дека жителите на Италија таму можат да подигнат кредит, а како гаранција да остават пити млад пармезан.

Работењето на банката стана феномен, но и голем поттик за производителите да продолжат со своите активности.

Пити кашкавал во банкарски сеф

Италијанските банки го прифаќаат  пармезанот како залог за заеми. На овој начин, таа продолжува да ги финансира производителите кашкавал во северна Италија. Во двата магацини на оваа банка има околу 440.000 ролни сирење во вредност од 132 милиони евра.

Од 1953 година, банката Credito Emiliano во Северна Италија работи на многу необичен начин: наместо златни прачки, скапоцени и полускапоцени камења и вреќи со дијаманти, во нејзините сефови во трезорот има пити со пармезан – локален специјалитет што го направи познат целиот регион. 

 

Пармезан како платежно средство

– Пармезанот се користи како финансиска алатка уште од средниот век – објасни Лео Берточи, претседател на Здружението на производители на сирење Пармиџано-Реџиано.

– Секоја ролна содржи приближно 550 литри млеко, а поради тоа што сирењето старее со години, на производителите им треба дополнително финансирање за да можат да продолжат да го произведуваат – објасни Берточи.

Така настанала идејата како залог да се користат пити од пармезан, при што банката сноси целосна одговорност за неговото чување и ги контролира условите во кои старее сирењето.

Статистиката покажува дека производителите дури 80 отсто од заемите ги враќаат со сирење, додека само мал дел од каматата се плаќа во готово, пренесува Њујорк Тајмс.