Во Скопје пронајден мртов 53-годишен маж, телото е предадено на обдукција

Министерството за внатрешни работи соопштува дека 53-годишен маж бил пронајден мртов во стан во Скопје.

„На 14.11.2024 година во 14.20 часот на СПБ Скопје било пријавено дека во станот во Центар е пронајден мртов А.С.(53) од Скопје.

Докторот на Итната медицинска помош констатирал смрт, додека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, соопшти МВР