На некои раскрсници на скопските булевари се поставуваат камери на семафорите.
Овие камери се наоѓаат на крстосницата од булеварот „Партизанска“, во близина на црквата Свети Клименти Охридски.
Камери има и на раскрсницата кај центарот „Мавровка“, а такви камери се поставуваат и во Чаир и други населби. Со поставувањето на овие безбедносни камери, секој сообраќаен прекршок што ќе биде направен, камерите ќе го снимаат и ќе се изрекуваат казни.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Клик Плус на ТВ21 рече дека овие камери наскоро ќе бидат во функција и ќе биде вмешан европскиот модел.
Пример за почитување на законот покажува со разговорот што го имал со доктор, споредувајќи го возењето кај нас и во Германија.
Поставените камери се дел од проектот „Безбеден град“ кој во моментов се подобрува. Вакви камери има во Куманово и Тетово, додека проектот се очекува да се прошири и во другите градови во државата.