Во полициска акција што се одвива на подрачјето на Скопје изутринава уапсени се десетина лица. Полициските специјалци вршат претреси на неколку локации со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал.
Од МВР за МИА потврдуваат дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целата акција најавуваат подоцна во текот на денот.