Во случај на пожар, Детската клиника во Скопје нема хидрант! Мемеди: 7-8 години пумпата не работи

Директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди изјави дека веќе најмалку 7 години не работи главната пумпа која обезбедува вода за гаснење пожари во различни одделенија на Клиниката.

„Оваа пумпа, овој хидрант, ова е хидрант кој е поставен од почетокот, кога се изгради Клиниката, дава висок притисок на вода за хидрантите во секое одделение, тие се хидранти за гаснење пожари. Во случај на пожар имаме хидрант во секое одделение и со тој хидрант можеме да го гасиме пожарот. Ова е пумпата што даваше висок притисок, епа, поминаа скоро 7-8 години, оваа пумпа е вон употреба, исто така е отстранета од склопот на системот за цевки“, потенцира Мемеди.

Мемеди рече дека во случај на пожар немаат вода во хидрантите за да го изгаснат пожарот.

Мемеди вети дека до јануари следната година ќе се обезбеди нов водоводен систем на оваа Клиника.