Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и поранешен директор на затворот Идризово, Живко Пејковски, загина во сообраќајна несреќа, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на затворот „Идризово“.
Полицијата со детали за сообраќајката во која загина поранешниот пратеник и директор на затворот „Идризово“ Живко Пејковски.
– На 29.11.2024 година во 13.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Р-1305 на место викано Чагор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(34) и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(61), а во сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство, инаку и двајцата од Демир Хисар. Во несреќата на местото на настанот починал Ж.П., а лекар од Итната медицинска помош од Демир Хисар констатирал смрт, стои во полицискиот билтен.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, каде што блиските и пријателите се простуваат од него, а објавата ја сподели општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Демир Хисар.