Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија денеска ќе протестираат пред судовите низ државата.
Судиите спонтано се одлучија на таков чекор по обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев. Според нив нападот врз правдата и националната безбедност е без преседан по својата дрскост и размери.
Според бугарските медиуми протестот ќе почне во 11 часот по локално време.
Со протестот, вработените во Обвинителството и истрагата сакаат и да му изразат поддршка на главниот обвинител и да го покажат своето единство против обидите за нивно заплашување.