Во текот на израелската воена рација во Џенин убиени шестмина Палестинци, десетина ранети

– Шестмина Палестинци се убиени денеска, а десет се ранети во вооружен конфликт за време на напад на израелската војска во градот Џенин, на окупираниот Западен Брег, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на палестинското Министерство за здравство.

Израелските воени претставници соопштија дека војската влегла во бегалскиот камп Џенин за да ги уапси осомничените за убиството на двајцата израелски браќа минатата недела во палестинската населба Хувари.

Вооружената група „Бригада Џенин“ изјави дека нејзините членови денеска пукале и фрлиле експлозивни направи врз израелските војници, кои ја опколиле куќата на еден од осомничените во бегалскиот камп.

Денешниот конфликт избувна за време на прославата на еврејскиот празник Пурим.

Израелскиот министер за национална безбедност, ултранационалистот Итамар Бен-Гвир, кој исто така живее во еврејската населба, им се придружи на еврејските доселеници на прославата во поделениот град Хеброн на Западниот Брег под силно обезбедување, танцувајќи и пеејќи.

Тоа беше последната демонстрација на сила на ултра-националистичките доселеници на окупираниот Западен Брег, кои се поддржани од Бен-Гвир и другите во новата израелска влада.