Најмногу дожд во текот на изминатото деноноќие во земјава наврна во Тетово, 53 литри на метар квадратен, потоа Гостивар со 29 литри, Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка со 28, Скопје-Петровец со 15, Маврово со 9 литри, Куманово, Демир Капи и Пожаране со 2, Кавадарци со литар , покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (ухмр).
Во првата половина од ноќта времето особено во северните делови беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и град. Во втората половина од ноќта времето е стабилно, па утрово насекаде е сончево.
Од УХМР известуваат дека времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Попладне се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 30 до 38 степени, со УВ индекс 8.