Во три станици за технички преглед во Велес се делат бесплатни налепници за возилата со ознаката „НМК“

Во три станици за технички преглед во Велес втор ден бесплатно се делат налепници за возилата „НМК“ кои ги обезбеди МВР. Вчера во сите три станици вчера имаше многу гужва од сопствениците на возила кои први сакаат да си обезбедат налепница за своите моторни возила,но денеска гужвите се намалија. Во сите три станици за технички преглед има доволно налепници за сите сопственици на возила, кои можат да дојдат и да ги залепат на своите возила и во наредните денови.

Од АМСМ во Велес за МИА информираа дека вчера 170 граѓани побарале и веднаш добиле бесплатна налепница, која им ја издава службеник на МВР и веднаш се лепи на возилото од вработени во АМСМ.

Оттаму појаснуваат дека сопствениците на возила треба да приложат соораќајна дозвола за возилото и потоа пополнуваат барање за издавање на налепница, која им ја одобрува веднаш службеник на МВР во АМСМ и останатите две станици за технички преглед во градот.

Освен во АМСМ во Велес бесплатни налепници за возилата со ознака „НМК“ се лепат и во Здружението на возачи и во Станицата за технички преглед „Будо Моторс“, во зависност каде сопствениците на возила ги имаат регистрирано своите возила.