Во украинско гранатирање на градот Шебекино загинаа 5 лица

– Во украинското гранатирање на рускиот град Шебекино, во областа Белгород, загинаа пет лица, изјави денес гувернерот Вјачеслав Гладков.

Проектилот погодил станбена зграда уривајќи десет стана, објави Гладков на Телеграм.

Тој додаде дека спасувачката операција неколку пати била прекинувана поради гранатирање.

Спасувачките тимови под урнатините извлекле тела на четири лица, а спасени се шест повредени кои се префрлени во болница. Гувернерот потврди дека една жена им подлегнала на повредите во болница.

Гувернерот Гладков информираше дека во нападите во регионот на Белгород загинале уште две лица, едното во селото Муром, а другото во селото Октјабрски.