Во Унгарија се урна авион! Трагедија на аеродром, има жртви (видео)

Авион се урна за време на аеромитинг во Унгарија, при што загинаа две лица, а четворица беа повредени.

Според агенцијата АФП, трагедијата се случила на аеродромот во Секешфехервар, 70 километри од Будимпешта.

Во авионската несреќа загинале 67-годишен маж и 37-годишен маж, кои биле во авионот кога се урнал, се вели во соопштението на полицијата.

Според информациите, трагичната несреќа се случила денес попладне во 15:20 часот од засега непозната причина.

Како што пренесува RTL Hirado, во несреќата загинале татко и син од Сегед.