45.000 полицајци се мобилизирани и вечерва за да ги контролираат протестите што веќе шеста ноќ по ред се одржуваат во поголемите градови во Франција, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен.
На безбедносните сили им е дадена наредба да спречат секаков обид за насилство и да ги приведуваат извршителите.
Нередите во Франција избувнаа во вторникот откако 17-годишно момче беше убиено во предградие на Париз.
Во насилните протести имаше повредени демонстранти и полицајци, беа запалени автомобили и демолирани продавници и други објекти.
Само во изминатата ноќ полицијата приведе 719 лица.