Едно дете на секои 12 минути било пријавувано како исчезнато минатата година во Франција покажува извештај објавен вчера.
Министерството за внатрешни работи во извештајот преку Фондацијата „Droit d’Enfance“, која ја координира и менаџира официјалната телефонска линија за итни случаи „116.000 Исчезнати деца“, објави дека 43.202 малолетници биле пријавени за исчезнати во 2022 година.
Во извештајот се наведува дека 37,9 отсто од тие деца се помлади од 15 години.
Фондацијата додава дека 41.518 од тие деца биле пријавени дека избегале, а 1.140 биле случаи на „исчезнување од расеаност“, од кои 56 отсто биле девојчиња, додека 544 случаи биле киднапирани од страна на родител.
Бројот на деца помлади од 15 години кои ги напуштаат своите домови е зголемен за 3,6 отсто од 2018 година, се додава во извештајот.
ТРТ БАЛКАН