ВО ЦЕНТАР – ЗОРАН ЗАЕВ МУ ГО ВРТИ ГРБОТ НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – Поранешниот премиер ќе се врати во СДСМ !? | ВИДЕО

Последната емисија „ВО ЦЕНТАР“ открива многу пикантни детали за моменталната политичка ситуација во земјата, но и за отворената „војна“ во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Гостин во емисијата на новинарот Васко Ефтов беше Оливер Андонов, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ кој своевремено беше и дел од Министерството за внатрешни работи како заменик-министер и министер, а денес е предводник на фракција која не го поддржува актуелното раководство на опозициската партија.

Во емисијата беа анализирани мнгоу теми кои ја интересираат македонската јавност, а Оливер Андонов особено стави акцент на постапките на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски

Оливер Андонов директно го обвини Христијан Мицкоски дека има за задача ВМРО-ДПМНЕ да не ја донесе на власт и дека обработува за македонската олигархија и со тоа и штети на партијата, а тој исто така го обвини лидерот на опозицијата и за соработка со поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на партијата е само еден од членовите. Тој обработува како партијата да не дојде на власт“, тврди Оливер Андонов.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – С23Е04: Зоран Заев како “поп” ќе се врати во СДСМ – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #viral #VoCentar #VaskoEftov #OliverAndonov #MK #MKD #Macedonia #tiktokmacedonia #SDSM #ZoranZaev #Zaev #VMRO #Balkan #tiktokbalkan

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Новинарот Васко Ефтов кажува дека на „пактот“ помеѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев му се гледа крајот, а главна улога во тој процес би имала меѓународната заедница во државата. Во својата реплика авторот на емисијата му поставува прашање на Оливер Андонов:

Меѓународната заедница ќе му порача на Зоран Заев како попче да се врати во СДСМ и да се дистанцира од Христијан Мицкоски, бидејќи најверојатно тоа ќе биде моделот на кризен менаџмент. Зоран Заев ќе се врати, членовите на СДСМ ќе премолчат се. Што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ, зошто го ова дозволивте ?“, прашува Васко Ефтов.

Оливер Андонов дава јасен одговор за тоа каква би била иднината на ВМРО-ДПМНЕ додека со партијата управува и раководи Христијан Мицкоски:

Знаете што ќе се случи ? ВМРО-ДПМНЕ нема да дојде на власт и тоа дополнително ќе ја ослаби и демотивира партијата. Ние и денес имаме таква состојба во партијата. Нема задача Христијан Мицкоски да дојде на власт и тоа треба членството да го разбере. Тоа не можат да го разберат тие луѓе кои се околу Христијан Мицкоски, членството треба да разбере“, објаснува Оливер Андонов.

Целото интервју на новинарот Васко Ефотв со Оливер Андонов можете да го погледнете во видеото овде.