ВО ЦРКВА НА ЈЕХОВНИ СВЕДОЦИ – Повеќе луѓе загинаа во Хамбург: “Слушнавме истрели. Имаше 12 пукања по ред” (ВИДЕО)

На жителите во близина им е кажано да не ги напуштаат своите домови поради тековната полициска операција. Министерот за внатрешни работи на Хамбург Енди Гроте на Твитер објави дека на местото на настанот се распоредени полициски специјални сили и голем број полицајци. Полицијата ја повика јавноста да не прави претпоставки и гласини.

Во нападот на зградата на Јеховините сведоци во германскиот град Хамбург загинаа неколку лица, а неколкумина беа повредени, од кои тројца потешко, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека пукањето го извршил осамен вооружен маж кој можеби е меѓу загинатите, иако тоа допрва треба да биде официјално потврдено. Засега нема сигурни информации за мотивот“, велат од полицијата.

Исто така, велат дека напаѓачот отворил оган откако влегол во зградата, пред наводно да побегне на првиот кат. Службениците кои пристигнале на местото на настанот слушнале пукотница од горниот кат и на катот пронашле тело, а истрагата продолжува.