ФОТО | ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ И АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ НА ГОСТИ КАЈ ВИКТОР ОРБАН – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на поддршката од Унгарија: “Ова е доказ за вистинско пријателство“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта остварил средба со претседателот на партијата ФИДЕШ и премиер на Унгарија, Виктор Орбан.

Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата биле констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и станало збор за реализација на стратешките цели на Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата бил направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата што се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно било разговарано за идни проекти и планови за развој, кои, се наведува во соопштението, би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија