Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се зголеми на 2.901

– Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Мароко се зголеми на 2.901, додека 5.530 лица се повредени.

Министерството за внатрешни работи на Мароко објави ажурирана информација за последиците од земјотресот што се случи ноќта на 8 септември.

Потврдено е дека бројот на загинати е зголемен на 2.901, а бројот на повредени на 5.530.

Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала се случи ноќта на 8 септември во Мароко, со епицентар во областа Ел-Хуз во Маракеш.

Покрај Маракеш, земјотресот ги погоди и главниот град Рабат и градовите Казабланка, Мекнес, Агадир и Фес.