Вработена на Онкологија пред 6 месеци фатена во кражба на цитостатици – се предозирала, па е вратена на работа: Познат нејзиниот идентитет
Вработена на Онкологија пред 6 месеци фатена во кражба на цитостатици, никој не ја знае нејзината судбина.
Вработена на Клиниката за онкологија пред 6 месеци била фатена во кражба на цитостатици од Клиниката, кои биле вредни илјадници евра, објавила тогаш новинарката на „Слободен печат“ Мирослава Симоновска која тогаш цитирала свои доброупатени извори.
Министерството за внатрешни работи во својот билтен тогаш информирало дека вработената која работелара во Клиничкиот Центар во Скопје, била фатена додека во нејзиното возило „Рено Клио“ пронашло ампули со цитостатици.
Со оглед на бројот на ампули вредноста на украдените лекови кај сестрата со иницијали А.О. се движела од 40 до 80 илјади евра.
Непознато е во колкав временски период вработената ги крадела ампулите, најверојатно за препродавање а не се знае ни како овие лекови биле надокнадувани кај пациентите.
„Слободен печат“ тогаш открива дека кај медицинската сестра кој работела во дневната болница на Клиниката за онкологија, со 10-годишен работен стаж, пронајдени биле 20-тина ампули од различни видови цитостатици. Кражбата била регистрирана претходниот ден на камерите во болницата. По распитот сестра се вратила дома и се предозирала со поголемо количество апчиња и била згрижена на Клиниката за токсикологија, од каде подоцна е пуштена во добра здравствена состојба.
Клиниката за онкологија неколку месеци пред настанот со кражбата на лекови се соочуваше со претставки до народниот правобранител, од пациентки со канцер на дојка, кои што се жалеа дека не им е обезбедено правото на здравствена заштита, односно секој месец наместо да ги добиваат ампулите, тие ги добивале со доцнење, кое за нив може да биде животозагрозувачко. Станувало збор за ампулите Херцептин, кои треба да се примаат на секој 21 ден, а пациентките биле доведувани во ситуација да ги прескокнуваат, пишува порталот.