Вратата од авионот ненадејно се отворила на сред лет: Патник снимил застрашувачка глетка (ВИДЕО)

За среќа, никој не е повреден

Патниците на летот Сао Луис-Салвадор доживеале големи непријатности кога ненадејно се отворила вратата на авионот.

Инцидентот се случил по 30 минути лет, а авионот принудно слетал на аеродромот Хуго да Куња Мачадо во Бразил. За среќа, никој не е повреден.

Еден од патниците преку отворената врата го снимил застрашувачкиот поглед на земјата.

И покрај се, изгледаше како сите да се мирни, а пилотот дополнително ја намали паниката меѓу патниците пред слетувањето.