„Вратете го Трамп, Балканот беше на прав пат со него!“ Гренел му одговори жестоко на Борел во врска со кризата на северот на Косово
Поранешниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Западен Балкан, Ричард Гренел, ја коментираше најавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Џозеф Борел, кој изнесе три барања за Белград и Приштина во врска со актуелната криза на северот од Косово.
– Европските лидери ,конечно” го потиснуваат Албин Курти. Тимот на Бајден помина 3 години седејќи настрана, гледајќи како Европејците пропаѓаат. Вратете го Доналд Трамп! Балканот беше на прав пат со него– порача Гренел на Твитер.
Да потсетиме, Јозеп Борел изјави дека првото барање е да се одржат нови локални избори, а потоа да се обезбеди учество на косовските Срби на нив.
Третото барање од европската страна е да започне формирањето на Заедницата на српските општини.
– Доколку не го направите тоа ќе има сериозни последици за нашите односи – изјави шефот на европската дипломатија.