Врвна тајна средба може да донесе мир на Блискиот Исток: “Сите терористички организации гледаат во Египет!“

Директорите на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и израелската разузнавачка служба Мосад се сретнаа со премиерот на Катар во Египет за да разговараат за преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

Вилијам Барнс, директорот на ЦИА и Дејвид Барнеа, првиот човек на Мосад, се сретнаа со шеикот Мохамед Бин Абдулрахман ал-Тани и египетските власти.

Израелската разузнавачка агенција објави дека моментално го оценува одговорот на Хамас на предложениот договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Al-Qahera News, која е поврзана со египетската разузнавачка служба, објави за „тајната“ средба.

Хамас и другите милитантни фракции го чекаат исходот од состаноците во Каиро, а Хамас е отворен за разговори за секоја иницијатива за ставање крај на агресијата и војната“, изјави официјален претставник на Хамас за AFP кој сакал да остане анонимен.

Во понеделникот, претседателот на САДЏо Бајден, кажа „клучните елементи на договорот се на маса“, но призна дека има „празнини кои сè уште се таму“.

Џо Бајден и јорданскиот крал Абдула разговараа за важноста на стабилноста на Западниот Брег во понеделникот, при што Џо Бајден кажа дека САД се залагаат за шестнеделна пауза во борбите меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа како отскочна штица за подолг прекин на огнот.

слика
Вилијам Барнс, Дејвид Барнеа и Мохамед бин Абдулрахман ал Тани

Џо Бајден, кој покажа растечки огорченост од премиерот на ИзраелБенјамин Нетанјаху, затоа што не го послуша неговиот совет да направи повеќе за да се намалат жртвите и да се заштитат цивилите во Појасот Газа, кажа дека САД работат со сојузниците во регионот за да се договорат за пауза во борбите за да се овозможи ослободување на заложниците во Појасот Газа и зголемување на протокот на хуманитарна помош.

Џо Бајден разговараше со Бенјамин Нетанјаху во неделата, а Белата куќа ја цитираше неговата изјава дека воената операција во Рафах не треба да продолжи без веродостоен и изводлив план за обезбедување безбедност и поддршка за повеќе од еден милион луѓе кои се таму.

Во меѓувреме, портпаролот на Канцеларијата за хуманитарна помош на ОН (OCHA) во вторникот за медиумската агенција Reuters изјави дека Канцеларијата не добила никакво известување од Израел за планот за евакуација на областа околу Рафах, но дека сигурно нема да учествува во присилната евакуација на таа област.

Хамас неодамна предложи прекин на огнот во Појасот Газа од четири и пол месеци, при што ќе бидат ослободени сите заложници, Израел ќе ги повлече своите војници од Појасот Газа и ќе се постигне договор за прекин на војната.

Понудата на Хамас е одговор на претходниот предлог на шефовите на американското и израелското разузнавање, кој минатата недела му беше доставен на Хамас од катарските и египетските посредници.

Но, Бенјамин Нетанјаху го отфрли предлогот, велејќи дека целосната победа во Појасот Газа е на дофат.