Од коалицијата „Вреди“ оценуваат дека помина времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маали и улици.
„Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато. Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат. Неодамнешните апсења се показател за посветеноста и подготвеноста на владините коалициски партнери да се борат против криминалот и корупцијата и да го вратат редот и безбедноста во нашата средина. Коалицијата „Вреди“ и Владата сега станаа синоним за борба против криминалот и корупцијата. Неодамнешните апсења на криминални групи се јасен доказ дека државните институции преземаат важни чекори кон исполнување на нивните заложби за гарантирање на безбедноста и правдата“, истакнуваат од оваа коалиција.
Потсетуваат дека и од финансиската полиција се поднесени 5 кривични пријави против лица поврзани со институција со која раководеше „ДУИ нон грата“, поточно Бирото за метрологија.
Заложбата на Владата, според „Вреди“ им гарантираше и им даде слобода на институциите за спроведување на законот да дејствуваат и да апсат криминалци и повеќе да не дозволуваат нивните активности како што правеа досега.
„Ова е процес кој бара време и континуирана посветеност. Ќе останеме посветени и одлучни во борбата за општество ослободено од криминалот и корупцијата, граѓаните да се чувствуваат безбедно кога шетаат низ градот и да имаат целосна доверба во државните институции“.