Временска прогноза

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне по котлините ќе има појава на магла.

Попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, додека попладне ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде -3 степени, а максималната 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од 0 до 9 степени.