Временска прогноза! УХМР со најнова прогноза: Од утре подгответе се за…

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и повремени врнежи од дожд, кои на места, а особено на запад и југ ќе бидат поврнежливи и погусти (над 50 л/м2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека на планините врнежите ќе бидат од снег, додека во сабота на највисоките и на некои пониски места ќе има дожд и снег.

На планините ќе се формира слој снег, додека особено во сабота во западните делови ќе се создаде слој снег и во некои делови од пониските предели.