Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива континуирано и непречено во зимски услови по влажни коловози.
„Забрана за тешки возила имаме на патните правци Гостивар-Стражa-Кичево, Крак Маврово-Маврови Анови и Крива Паланка-Деве Баир. На одредени коловози кои минуваат низ клисури и засеци можна е појава на помали одрони. ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта апелира до сите да возат внимателно и да ја приспособат брзината на движење според условите на патот. Службените екипи се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патишта“.
„Во 06:30 часот ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта соопштува дека се укинува забраната за тешки возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево. јп за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта во 08:00 часот соопшти дека се укинува застојот за тешки возила на патниот правец Крива Палаке – Деве Баир“, изјави утрово директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.