Со 267 гласови „за“ и 15 „против“ од вкупно 450 пратеници во Врховната рада усвоен е предлог-законот за забрана на канонската Украинска православна црква, која е под јурисдикција на Руската православна црква.
На прво читање е усвоен предлог-законот за забрана на верските организации поврзани со Руската федерација.
Светскиот совет на цркви претходно соопшти дека таквиот предлог закон ги крши меѓународните норми за слобода на вероисповед и може да го подели украинското општество.
Според руската новинска агенција РИА Новости, украинските власти во текот на минатата година, организираа најголемиот бран на прогон на Украинската православна црква (УПЦ) во современата историја на земјата. Службата за безбедност на Украина почна кривична постапка против свештенството на УПЦ и изврши претреси на епископи и свештеници, цркви и манастири во потрага по наводни докази за „антиукраински активности“.