Врховниот суд во Мичиген го одби барањето да му се забрани на Доналд Трамп да се кандидира во оваа сојузна држава

Врховниот суд во Мичиген одби да ја разгледа и слушне петицијата на гласачите кои сакаа да го дисквалификуваат Доналд Трамп од претседателските избори закажани за следната година за неговата улога во нападот на Капитол на 6. јануари 2021 година.

Пресудата му дозволува на Доналд Трамп да остане на гласачкото ливче во таа држава.

Гласачите се обидоа да го дисквалификуваат Доналд Трамп според одредбата во американскиот Устав што им забранува на лицата кои учествувале во „бунт или државен удар“ да држат функција доколку претходно се заколнале пред Соединетите Американски Држави.

Врховниот суд на државата Колорадо минатата недела ја дисквалификуваше кандидатурата на Доналд Трамп во Колорадо, повикувајќи се на споменатата уставна споредба.