– Врховниот суд на Русија денеска ја потврди одлуката со која му се забранува на опозицискиот политичар Борис Надеждин да се кандидира на претстојните претседателски избори, што треба да се одржат во средината на март. Претседателот на партијата Граѓанска иницијатива, е познат како противник на војната во Украина.
По одлуката Надеждин на социјалните мрежи објави дека ќе се жали на пресудата.
Граѓански иницијативи, нема претставници во Државната дума, а рускиот изборен закон налага кандидатите номинирани од вонпарламентарните партии да соберат најмалку 100.000 валидни потписи за да ја пријават својата кандидатура.
Надеждин успеа да собере 105.000 потписи, но руската Централна изборна комисија прогласи повеќе од 9.000 потписи од списокот за неважечки, што автоматски го дисквалификува од претседателската трка.
Досега четворица кандидати, меѓу кои и актуелниот претседател Владимир Путин, се потврдени како кандидати за претседателските избори закажани за 15-17. Март. Ниту еден од тројцата противкандидати на Путин не се опозиционери, бидејќи имаат некаква поддршка од Кремљ.