Врховниот суд на САД го отфрли случајот за дисквалификација на Доналд Трамп од изборите во 2024 година
Врховниот суд на САД денес го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што учествувал во бунт да извршува јавна функција.
Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен советник од Тексас, кој побара во рамките на 14-тиот амандман на американскиот Устав, Доналд Трамп, да биде дисквалификуван како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија, пренесува медиумската агенција Reuters.
Во својата тужба, Џон Ентони Кастро тврдеше дека Доналд Трамп, со своите постапки за време на немирите и нападот на Капитол Хил на 6. јануари 2021 година, учествувал во бунт со неговите поддржувачи.