Врховниот суд во Мичиген денеска пресуди дека Роберт Кенеди Јуниор ќе остане кандидат на претседателските избори во државата и покрај неговата одлука да се повлече.
Кенеди Џуниор се откажа како независен кандидат во претседателската трка минатиот месец и го поддржа републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп, кој се натпреварува против демократската претседателска кандидатка Камала Харис.
Како што пренесува Ројтерс, неговото учество на изборите во Мичиген може да му наштети на Трамп во таа политички поделена држава.
Одлуката на државниот Врховен суд ја поништи претходната одлука на државниот Апелационен суд, кој дозволи името на Кенеди да се извлече од гласачкото ливче.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.