Врховниот суд пред одлука што може да го урне македонскиот економски систем

Врховниот суд се наоѓа пред одлука која покрај правниот кој е веќе ничкосан може да го урне и македонскиот економски систем.

Утре Врховниот суд ќе расправа за предмет за кој скопскиот Апелационен донесол пресуда според која утре секој имател на акции во македонските акционерско друштва може да биде гонет за било каква одлука на Собранието на акционери.

Доколку биде потврдена контроверзната одлука на скопска апелација Врховниот суд од темел ќе го разнесе македонскиот систем на акционерски друштва во кој одговорноста за носење одлуки е кај управниот и надзорниот одбор или на Собранието на акционери но не може да биде облак носител на акција или акцоии.

Врховниот суд утре одлучува за предметот ,,Скопски Пазар”, каде управител е Младен Дамев сопруг на екс претседателката на Судскиот совет и екс член на правната комисија на СДСМ Весна Дамева. Дамева си поднесе оставка но се уште важи за една од најмоќните фигури во институцијата Судски совет која во македонското правосудство има апсолутна моќ да поставува, унапредува или казнува судии.

На утрешното рочиште по итна постапка Врховниот суд ќе расправа по жалба на обвинетите за пресудата во предметот кој е вреден 700 илјади евра а се суди за настани од пред речиси 20 години. За него врвни правни експерти за трговско право и делот на правото на акционерски друштва тврдат дека не смеел воопшто да почне да се суди.

Доколу Врховниот суд ја потврди пресудата на Скопска апелација блокираните 700 илјади евра на обвинитетите екс акционери на Скопски Пазар ќе отидат кај доминантните сопственици на Скопски Пазар „Современ дом“ од Прилеп на Ацо Дудловски и „ЗСФ ком“ на познатиот градежник Фатмир Етеми кои поседуваат над три четвртини од компанијата.

Со пресудата на апелација меѓу другото обвинетите се товарат дека како членови на Собранието на акционери донесле одлука на штета на друштвото Скопски пазар.

Иако законот никаде не предвидува дека некој акционер може да биде повикан на одговорност за начинот на кој гласал на Собрание на акционери во македонскиот случај се случува токму тоа, сопственик на акции да биде осуден за гласање во Собранието на акционери што е надвор од секоја законска и логичка норма.

Со ваква пресуда се урива постоечкиот систем на управување со акционерски друштва затоа што во иднина по направениот преседан доколку Врховниот суд ја потврди пресудата на апелација секој македонски акционер ќе може да одговара за гласање на Собранието на акционери.

Теоретски со пресудата дури и човек со една акција кој реално не може да влијае на одлуките на Собранието на акционери во иднина ќе може да биде гонет затоа што гласал на ваков или таков начин пред собранието. Со тоа не само што се загрозуваат правата на акционерите генерално се загрозува и системот на акционерство затоа што во иднина ретко кој ќе сака да купува акции знаејќи дека може да биде прогонуван за одлуки во кои може да немал никакво влијание.

Фактот што Врховниот суд закажало рочиште за рекордно кратко време од околу 7 недели од одлуката на апелација покажува дека во македонското правосудство со доверба од 2 проценти се е можно кога има поврзана мрежа од обвинители, судии, бизнисмени, екс и активни политичари и членови на контроверзниот Судски совет.

Сега македонскиот економски систем кој почива на Акционерските друштва може да биде спасен од одговорните судии во Врховниот суд кои знаат дека ќе сносат лична одговорност доколку дозволат пресуда донесена во крајно контроверзни услови и околности да ја уништи позицијата на македонските акционери во однос на законите.

Да бидат работите уште покомплицирани Врховниот суд се наоѓа во комплицирана ситуација и тој сега е предводен од ВД претседателот Џемали Исени за чие именување пред само десетина дена гласаше и Весна Дамева како член на Судскиот совет.

Сопругот на Дамева, заедно со сопствениците на Скопски Пазар Дудловски и Етеми е директно засегнат од одлуката на Врховниот суд.