Вулканската ерупција на Исланд стивнува, но научниците предупредуваат на можна последователна активност
Вулканската ерупција во југозападниот дел на Исланд најверојатно стивнува, но научниците предупредуваат на можни последователни ерупции во областа во наредните месеци.
Исландската метеоролошка служба соопшти дека ерупцијата, која започна вчера североисточно од планината Силинкарфел, значително се смирува.
Активирањето на вулканот доведе до евакуација на луѓето од популарната туристичка област „Blue Lagoon“ и прекин на снабдувањето со топлина на неколку општини на полуостровот Рејкјанес на југозападниот крај на островот.
Премиерката Катрин Јакобсдотир изјави за јавната телевизија дека властите се надеваат дека затоплувањето во областа денеска ќе се нормализира.
Местото на ерупцијата е на околу четири километри североисточно од крајбрежниот град Гриндавик, чии 3.800 жители беа евакуирани на 18 декември поради претходна ерупција. Населбата не беше загрозена од вчерашната ерупција.
Бенедикт Офеиксон, геофизичар од Исландската метеоролошка служба, предвидува ерупции во областа еднаш месечно во блиска иднина.