ВУЧИЌ БЕСЕН КАКО РИС – Приштина доби моќно оружје: Пет турски дронови „Бајрактар“ пристигнаа на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ остро реагираше против одлуката на Турција да и продаде софистицирано оружје на Приштина, но сето тоа беше безуспешно.

Косовските безбедносни сили добиле пет беспилотни летала „Бајрактар“, кои се произведени од Турција, јавуваат локалните медиуми.

Се работи за беспилотни летала кои се здобија со светско реноме. Се започна со успешна операција во Либија, кога турските сили со голема помош на ова оружје ги отфрлија силите на самопрогласениот маршал Калифа Хафтар од Бенгази.

Овој воен лидер на истокот на земјата, кој ужива голема поддршка од Москва, започна напад врз Триполи, главниот град, уверен дека ќе го прегази. Особено им веруваше на силите на платеничката група Вагнер. Неуспешни платеници таму, како и во украинскиот Бахмут. Триполи на своја страна ги имаше Турција и Бајрактарите.

Како овој успешен производ на турската индустрија го доби името „Бајрактар“? Турскиот збор „bayrak“, кој доаѓа од персискиот „bayraq“ и значи „знаме“. Значи „бајрактар-знаменосец“. Таков е преводот на турскиот збор „Bayraktar“. Турските „бајрактари (знаменосци)“ пристигнаа на Косово седум месеци по потпишувањето на договорот со турската компанија, пренесува Танјуг. Кога беше најавено дека беспилотните летала ќе пристигнат на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека тоа ќе влијае на односите со Анкара „иако ние многу го почитуваме претседателот Ердоган“. Тие не само што немаат право според меѓународното право да вооружуваат некого што не е држава, туку можете да видите колку се грижат за меѓународното право“, ги пренесува Телеграф тогашните зборови на српскиот претседател.

Пристигнувањето на беспилотните летала се совпаѓа со почетокот на меѓународната вежба на НАТО „Бранител Европа 2023“, која делумно ќе се одржи на Косово. Вежбата ја предводат Соединетите Американски Држави, а ќе учествуваат повеќе од 1.100 војници.

Београдска Политика на својата веб-страница наведува дека наскоро ќе започне обуката на косовските сили, која ќе ја спроведуваат инструктори на турската армија. Во продолжение на текстот, белградскиот портал наведува дека купувањето на „бајрактари“ е кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, според која само КФОР (заштитните сили на НАТО) можат да бидат воена сила на Косово, територија под меѓународна контрола.

На последната седница на Советот за безбедност на ОН за Косово, еден од западните претставници истакна дека резолуцијата 1244 е одраз на времето што изминало и дека околностите се промениле. Доаѓањето на Бајрактар може да биде потврда за промена на околностите.