„Вучиќ беше во право“ – Се огласи Марија Захарова

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, не треба да се грижи за фактот дека Украина не е примена во НАТО, туку затоа што веќе нема држава, изјави за телевизијата „Русија 24“ портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Рускиот водител побара од Захарова да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој го советувал Зеленски да не се грижи за фактот дека неговата земја не е примена во НАТО. Вучиќ рече и дека Западот подготвува големи и прекрасни работи за крајот на годината за Киев.

– Според мене, тој е во право дека Зеленски веројатно најмалку треба да биде загрижен за Украина да не биде примена во НАТО. Тој има многу други, поважни причини за вознемиреност – тој веќе нема држава, нема народ, нема индустрија, нема производство, нема политички партии, граѓанско општество, воопшто нема слобода – коментира Захарова.

Во овој поглед, таа потсети на ограничувањата за употребата на рускиот јазик во Украина.

– Изгореа милиони книги, исто како што беше случајот и во Третиот рајх – не поинаку, туку сосема исто. За секој изустен збор, човек може да се врзе на улица и да се однесе во некаква зандана. Ги тераат луѓето напред, ги врзуваат за бандери, им истураат боја, ги тепаат – ова се причините за вистинска вознемиреност – додаде Захарова.

Како што истакна таа, важно е Зеленски сега да влезе во НАТО за да ги зачува границите, бидејќи при влезот во Алијансата сите членки треба да ја признаат земјата во нејзините граници.

– Меѓутоа, за голем број членки на НАТО таа приказна не е затворена, напротив – прашањето е отворено, пред сè за Полска – рече Захарова.