Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека за 67 години, поточно, во периодот од 1945 до 2012 година се изградени 596 километри автопати, додека од 2012 година до денес се изградени 420,9 километри полуавтопати.
Тој посочува и дека во моментов се градат 485 километри автопати и експресни патишта.
– Од 1945 година и Тито, Слободан Милошевиќ до 2000 година и од 2000 до 2012 година – сите заедно изградија 596 километри автопат. Повеќето ги изгради Тито, а од 2000 до 2012 година беа изградени 42,6 километри целосен автопат и полуавтопат Нови Сад-Хоргош – рече Вучиќ.
Тој додаде дека никогаш во историјата на Србија немало толку градење.
– Србија никогаш не изградила толку. Пред крајот на мојот мандат ќе имаме стотици километри изградени автопати повеќе отколку во периодот од 1945 до 2012 година – заклучи Вучиќ.