Александар Вучиќ, претседателот на Србија, истакна дека во наредните денови ќе се организира собир на кој ќе биде усвоена политичка декларација за Војводина во Србија.
„Ќе одржиме голем митинг и ќе усвоиме специјална декларација за Војводина во Србија, политичка декларација, која нема никаква врска со какви било протести“, изјави Вучиќ во четвртокот вечер за Радио-телевизија Србија (РТС).
Последниве денови, владините претставници ја обвинија опозицијата дека сака да ги искористи студентските протести за отцепување на Војводина од Србија. Милош Вучевиќ, премиерот во заминување, истакна дека ‘за опозицијата која сака отцепување на Војводина, бранувањето на протестите се можност таквите планови да се стават на маса’. Лидерите на опозицијата ги негираат овие тврдења.
Студентите, на кои им се придружија голем број граѓани, протестираат во српските градови од 1. ноември минатата година, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а уште тројца беа тешко повредени.