Вучиќ за политичките противници: Ако седнат во фотелја, не ја исклучувам можноста да убијат еден од нас

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес повторно ги коментираше повеќемесечните протести предводени од студентите во земјата. Во оваа прилика, тој повторно зборуваше за наводно лошите намери на противниците на владата, предводени од неговата Српска напредна партија (СНС).

Под тие лоши намери, тој подразбира и можност за убиство доколку се на власт.

„Ако седнат во фотелјата, не ја исклучувам можноста еден од нас да биде убиен“, рече тој.

Тој верува дека политичките противници не можат да ја победат СНС на изборите и дека, како што изјави, ќе ја уништат земјата за шест месеци. Тој исто така тврди дека она што се случи во Непал (насилни протести) и во САД (убиството на истакнатиот конзервативец Чарли Кирк) одамна било планирано да се случи во Србија.

Сепак, како што заклучи тој, мирот во Србија е зачуван благодарение на трпението на мнозинството луѓе, и покрај „намерите на анархолибералните кругови“, објавуваат српските медиуми.