Вучиќ знае како да ги мотивира спортистите: Еве колку ќе добијат за златен медал на Олимпијадата во Париз
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека наградата за злато од Олимписките игри во Париз ќе биде 100.000, а можеби и 200.000 евра.
-,,Моето барање до вас е некако да се пласирате на натпреварувањето во Париз“, изјави денеска Вучиќ при пречекот на српските одбојкари и додаде:
„Париз е од клучно значење за нас. Ќе дадеме сè што можеме за Париз. Ќе ја покачиме наградата за 100.000 за златото, а може да се случи да ја покачиме и за 200.000 евра за златото во Париз, чекам одговор од Владата“.
Претседателот на Србија денеска ја прими женската одбојкарска репрезентација на Србија која го освои сребрениот медал на Европското првенство.