Вучиќ најави драстично зголемување на пензиите: ,,До 2027 година очекуваме просекот да биде 650 евра”
За време на презентацијата на планот „Србија 2027 – скок во иднината“ , претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека просечната пензија во Србија до декември 2027 година ќе биде 650 евра.
Како што рече, просечната пензија во моментов изнесува 391 евро, но до 10 февруари ќе биде зголемена за 14,8 отсто.
– До 10 февруари ќе се зголеми за 14,8 отсто, а до декември треба да биде 650 евра – посочи претседателот.
Тој посочи и дека минималната плата, која сега надмина 400 евра, до 2027 година ќе биде 650 евра.
Додаде и дека до декември годинава ќе се зголеми и просечната плата која се очекува да изнесува 958 евра.
– Просечната плата во Република Србија пред 12 години беше 330 евра, а во декември годинава очекуваме да биде 958 евра. Според нашата проценка, тоа ќе биде околу 836 евра за месец март. Очекуваме просечната плата да биде 1.056 евра во 2026 година, а 1.400 евра во 2027 година – рече претседателот Вучиќ.