Вучиќ најави ново оружје за српската армија: „Потпишавме договор за набавка на ракетни и артилериски системи“

Српскиот Претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србија потпишала договор за набавка на најмоќните ракетни и артилериски системи во светот!

„После многудневни тешки преговори, потпишавме договор за набавка на најмоќните ракетни и артилериски системи во светот, што ќе ни овозможи да одговориме на сите предизвици и да одговориме на сите оние кои мислеа дека ќе добијат предност над Србија“, рече Вучиќ во Палас Србија и прецизираше дека станува збор за „најмодерни, најскапи и најдобри системи“.

Тој додаде дека државата ја платила првата рата од „рафалот“ од 472 милиони евра.

„Со инвестирањето во армијата, ние инвестираме во безбедноста, безбедноста на граѓаните на Србија, во одвраќање на секој потенцијален агресор да ја нападне нашата земја и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Вучиќ.

Според него, имаат потпишано договори и тоа треба да ни стигне веќе во 2025 година.

Вучиќ додаде дека ќе има сè повеќе инвестиции во луѓе во армијата и дека државата ќе обезбедува „особено високи плати“ за возачите, топџиите во тенкови, во други покриени возила, но не само за специјалните единици, како што беше случај до сега.