Вучиќ: Погледнете ги нашите соседи, таму амбасадорите одлучуваат кој ќе прави кафе во владите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Будимпешта по разговорот со Виктор Орбан изјави дека не седи на две столчиња, туку на едно, на српското, бидејќи се бори исклучиво за интересите на Србија.

Коментирајќи го написот на Тајмс во кој соговорниците на британскиот весник го нарекуваат „Ал Капоне на Балканот“, претседателот на Србија рече дека ова е пример за кампања против него.

„Дојде до крајот на седењето на Вучиќ на две столчиња, ги изневери сите, но сега е готово, а јас никого не изневерувам ниту еден момент, ниту цело време. На сите им велам едно и исто, ние имаме српско столче и јас се гордеам со српската фотелја, не ми е гајле за вашите столчиња, имајте две, пет, десет, не ми е гајле, ние ја сакаме нашата фотелја, не тресете ги нашите“, рече Вучиќ.

Вучиќ потоа се осврна на соседите на Србија, велејќи дека во некои земји се прашуваат амбасадори за се, но не прецизираше на кого мисли.

„Дали би бил добар да сум нечиј слуга и да исполнувам нечии желби и наредби. Мојата политика е независна Србија, да на патот кон ЕУ, но да се грижиме за нашата иднина, нашите деца, а не да дозволиме некој друг да одлучува за нас на дневна основа што сме ние политика. Погледнете некои земји во околината, и некој одлучува кој ќе им прави кафе во нивните влади…“, рекол Вучиќ.