Вучиќ разговараше со Макрон: Откри кои биле темите на разговорот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оствари телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со кого разговараше за актуелни прашања, објави тој на својот Инстаграм профил.

„Пријателски и отворен разговор со францускиот претседател Макрон за билатералните односи и регионалните прашања, особено во светлината на актуелните настани во Босна и Херцеговина и Косово и Метохија.

Истакнав дека Србија останува посветена на сите процеси насочени кон зачувување на мирот, соработката и просперитетот и повторив дека развојот, благосостојбата на земјата, како и заштитата на српскиот народ, се наши клучни национални интереси. Ја нагласив нашата посветеност на дијалогот и почитувањето на меѓународното право, како и нашата подготвеност да придонесеме за долгорочната стабилност на регионот.

Му се заблагодарив на претседателот Макрон за неговата лична посветеност кога станува збор за Западен Балкан, како и за континуираната поддршка што Франција ѝ ја дава на Србија на нејзиниот европски пат и го поканив да ја посети Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.