Вучиќ се сретна со грчкиот премиер во Одеса: „Иако кратка, секогаш добра средба со пријател“

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис, за време на самитот Украина – Југоисточна Европа што се одржува во Одеса.

„Иако кратка, секогаш добра средба со мојот пријател @kyriakos_ со кого разменивме мислења за ситуацијата во регионот, безбедносните и економските предизвици, како и за главните прашања од нашите билатерални односи“, напиша тој во објава на Инстаграм.

„Нагласив дека интензивните контакти и цврстата доверба меѓу Србија и Грција се еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан, како и дека дополнително ќе ги зајакнеме нашите пријателски односи и економска соработка со заеднички проекти од заемен интерес.“