Вучиќ се сретна со претставници на Квинтата, но одби да соопшти детали

Претседтелот на Србија Александар Вучиќ се огласи по средбата со претставници на државите од Квинтата, но потенцираше дека не сака да соопшти за деталите од средбата.

„Донесов одлука да не кажам ниту еден збор за средбата со претставниците на земјите од Квинтата и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија. Мислам дека е подобро за сите“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Претседателот на Србија се сретна со претставниците на земјите од Квинтата – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на ЕУ. Средбата се одржа во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија.